АЛАРМАНТНО: За само една недела над 800 луѓе заболеле од грип

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тројно е зголемен бројот на заболени од грип во државата. Над 800-тини регистрирани за седум дена, во споредба со 270 претходната недела. Оваа сезона бројот на грипосани е над 2.000 случаи од кои речиси половината се во Тетово и Куманово. Овој период на удар од вирусите се бебињата и школската популација. Центрите за јавно здравје веќе добиле пријави за зголемено отсуство во градинки и основни училишта. Гужви има и на Инфективна клиника каде дневно имаат по 120 амбулантски прегледи. Најалармантна е ситуацијата во детската болница во Козле. Директорот на установата вели дека капацитетот им е веќе надминат и можат да хоспитализираат само тешки случаи.

-Капацитетот е 110, а веќе имаме 138-140 деца со своите мајки. Во амбулантите имаме и над 200 прегледи дневно, а најтешко е во недела кога не работат матичните лекари. Многу гужви има и затоа апелирам до родителите прво да одат кај матичните лекари, а потоа кај нас, вели д-р Оливер Зафировски, директор на Болница за белодробни заболувања кај деца во Козле.
Педијатрите велат дека загадувањето дополнително ја отежнува состојбата и имаат зголемен број на пациенти со компликации од вирусите. Едномесечни бебиња со бронхити и пневмонии остануваат со денови во болницата во Козле. Иста е ситуацијата и на Клиниката за детски болести каде нема слободно место на одделот за неонатологија.
Грип и респираторни инфекции кои може да доведат до компликации како пневмонии, и таквите мора да бидат хоспитализирани, вели Зафировски.
Епидемиолозите потврдуваат дека грипот зема замав и пикот го очекуваат во јануари и февруари. Според нив, најдобра заштита е вакцинацијата која речиси е завршена во сите центри за јавно здравје. Според податоците, на располагање има само уште 200 дози. Покрај советите за поголема лична хигиена и избегнување на контакти со заболени, лекарите препорачуваат и почесто проветрување на просториите во градинките и училиштата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This