АЛАЃОЗОВСКИ ГО УНИШТУВА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО: Аквадуктот претворен во депонија, врв на негрижата на Алаѓозовски за културното богатство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Врв на негрижа за културното богатство, срам за градот и државата е Аквадуктот кај Визбегово, реагираат граѓаните на социјалните мрежи.

Изреволтирани од неодговорното однесување на министерот за култура Роберт Алаѓозовски, некои од нив постираат слики на неговиот профил на Фејсбук, со цел да го потсетат министерот дека Аквадуктот е тотално запуштен, руиниран и натрупан со ѓубре.

“За вакви споменици од непроценлива вредност во другите земји се наплаќаат билети, а кај нас се претвораат во депонии” – коментираат тие.

Дали небрижноста на министерот кон ова културно богатство е од неукост?

За ваков историски објект каков што е Аквадуктот, кој претставува еден од позначајните знаменитости и наследства на Скопје, потребна е специјална грижа.

Тој со својата должина од 385 метри е единствен во Македонија и еден од трите сочувани аквадукти на просторот на поранешна Југославија, покрај тој кај Бар во Црна Гора и Диоклецијановиот аквадукт кај Сплит.

Ова е доказ дека кратењето на буџетот во културата е тотално промашена работа, а Годишната програма треба во целост да се поништи.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This