АЛАЃОЗОВСКИ ДА ПОЧНЕ ДА РАБОТИ: Почни да работиш и реши ги проблемите кои тврдиш дека ги има, наместо да се шеташ по институции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на соопштението на СДС во кое партијата обвини за негрижа кон културното наследство во изминатите 11 години и го повика министерот за култура Роберт Алаѓозовски да почне со работа и реализирање на ветеното наместо, како што пишува во реакцијата, напразно да зборува, да се расшетува по институции и да бара мани за да критикува што не било направено.

– СДС е единствена партија во Европа која јавно кажа дека ќе руши споменици кои секаде се дел од културното наследство. Лицемерно е кога СДС зборува за идентитетот и националните и државните интереси, кога граѓаните знаат дека СДС не презел ниту еден чекор во нивно зачувување, туку во континуитет од минатото до денес само ги распродава за власт дадена на одреден период, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Во реакцијата на партијата се наведува и дека нивната Влада направила најмногу за културата во Република Македонија од независноста до денес – од инвестиции во нови културни проекти и објекти до конзервации на културно-историски добра.

– Тоа е факт кој Алаѓозоски не може да го негира, затоа наместо да глуми опозиција треба да се фати со работа продолжувајќи го успешниот тренд на развојот на културата, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This