April 25, 2024, 12:23 am

АЛАЃОЗОВСКИ ЛАЖЕШЕ ОД ГОВОРНИЦАТА ВО СОБРАНИЕ: Екс министерот за култура од говорница лажеше правдајќи ги парите кои сам си ги доделил на неговата невладина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска на денешната надзорна расправа во Собранието на чиј дневен ред беше Годишната национална програма во културата го праша Роберт Алаѓозовски, сегашен координатор за култура во Владата, по која процедура ги донесоа годинешната и ланската Годишна Програма за култура бидејќи и двете се идентично лоши и скандалозни. Патем таа се осврна на случајот кога се доделувале средства од министерството за Култура на невладината во која Алаѓозовски членувал.

Дали укинувањето на процедурите ви беше неопходно да си оставите простор да правите што сакате во однос на транспаретното делење на средства, односно во финансирање на ваши другари и соработници, сите обединети под капата на „Јадро“ за кои во програмата во 2018 година во сите дејности одобривте 15 милиони денари?- праша Лашкоска

Скандалозно, вие сте еден од основачите на “Контрапункт“ дел од Јадро. Дали за вас ова не е скандалозно директен конфликт на интерес, затоа што најголем дел од парите ги давате за хонорар- посочи Лашкоска.

Алаѓозовски обидувајќи се да се одбрани посочи дека не е дел од Контрапункт од 2007 година.

Информациите до кои дојдовме го тврдат спротивното, односно Алаѓозовски бил подолг период член на невладината Контрапункт која е посочувана дека добивала пари од државата.

Имено од документите на Контрапункт се гледа дека Алаѓозовски бил дел од тимот во периодот од 2014 до 2016 година Алаѓозовски бил надворешен програмски соработник на Контрапункт и безмалку од таа позиција веднаш потоа ја доби позицијата Министер за култура, за сега да ја извршува позицијата Национален координатор за развој на културата во Владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This