April 26, 2024, 12:03 pm

АЛБАНИЈА НЕ Е „ВЕТЕНАТА“ ЗЕМЈА, ТУКУ ЗЕМЈА НА БЕГСТВО: Откако стана членка на НАТО, дури 60% од Албанците сакаат да заминат од земјата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дури 60% од граѓаните на Албанија би сакале да ја напуштат својата земја доколку им се укаже таква прилика, покажуваат резутатите на анкетата на Институтот за истражување на јавното мислење Галуп, пренесува МИА

Според податоците на Галуп, такви резултати ја ставаат Албанија на четврто место на листата на земји во светот чии граѓани сакаат да емигрираат. Пред неа се само афричките земји Сиера Леони, Либија и Хаити, каде нивото на сиромаштија е помеѓу 54 и 70 отсто.

Во бројки, тоа би значео дека од вкупно 2.87 милиони жители колку што има Албанија, дури 1.7 милиони би сакале да си заминат од таму.

Процентот на граѓани кои сакаат да ја напуштат Албанија е поголем и од оној на некои држави каде што има и граѓански вojни.

Меѓународниот монетарен фонд неодамна објави дека на Албанија и е потребен зголемен економски раст и инвестиции во приоритетни сектори, како образование и здравји, за да се намалат тенденциите на емиграција.

За големиот број на жители на Албанија кои сакаат да емигрираат, зборува и рекордниот број албански државјани кои аплицирале за иселеничка виза во САД, пренесува Танјуг.

Во 2016. година за американска зелена карта аплицирале 246.129 албански државјани, додека следната година тој број бил рекордни 367.231.

Албанија е земја членка на НАТО.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This