АЛБАНИЈА СЕ ПОНУДИ НА САД: Албанија ја понуди својата територија за изградба на американските воени бази

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанската министерка за одбрана во Вашингтон ги повика САД да изградат воени бази на нејзина територија за да се спротивстават на руските и другите влијанија во регионот.

Албанската министерка за одбрана, Олта Џака, му понуди на американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, можност за изградба американски воени бази на албанска територија, тврдејќи дека американското воено присуство било потребно за да се спречи влијанието на Русија, Кина и Иран.

“Многу љубезно сакам да ве поканам да ја сметате Албанија за контакт нација во регионот”, рече Џака и додаде дека “имаме различни идеи како да ги ставиме на располагање нашите копнени, воздушни и поморски бази, но и други наши капацитети билатерално со САД или на НАТО “.

На состанокот во вторникот во Пентагон, албанската министерка му прнесе на секретарот Матис дека “освен намерата на Русија е да го прошири своето влијание со активностите за дестабилизација, било преку нивните тајни служби или инвестициите или други хибридни средства, медиумска пропаганда и стипендии, исто така може да видиме зголемување на интересот за регионот и на други земји како Кина или Иран “.

Секретарот Матис формално не одговори на понудата на, но й се заблагодари на Албанија за поддршката за западниот сојуз.

“Албанија докажа дека географската големина е помала од големината на нејзината посветеност”, рече Матис и додаде дека “Албанија има учество во НАТО несразмерно со својата големина “, споменувајќи го големиот број албански војници кои учествуваат во странските мисии.

“Обврската на Албанија за споделување на товарот доаѓа во време кога Русија се обидува да го подели нашиот сојуз. Малку нации се свесни за малигното влијание на Русија во регионот повеќе од Албанија”, рече Матис на состанокот.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This