АЛБАНИЈА ЈА КОЧИ МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ: Датумот за преговори на Македонија виси поради Албанија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дојче веле на македонски јазик објави дека и покрај критиките од конзервативната ЦДУ, германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас и натаму се залага за отворање пристапни преговори со Македонија и Албанија. Притоа тој наведува дека одлука на таа тема нема да биде донесена на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ следната недела.

– Сакаме да бидат отворени пристапни преговори со Македонија и Албанија, изјави политичарот од редовите на германските социјалдемократи во четвртокот.

Мас потврди дека најголемиот отпор за пристапните преговори доаѓа од Холандија и Франција, но се надева дека доколку се убедат скептичните држави постои можност да се забрза процесот.

Заменик-шефот на пратеничката група на ЦДУ во Бундестагот, Јохан Вадефул вели дека без оглед на ваквите ставови, Парламентот дури на крајот на септември ќе и даде зелено светло на Владата, но оваа изјава го опфаќа ставот на Германија не на целата Европска Унија.

Вадефул потенцираше дека имаат сомнеж за Албанија, со оглед на внатрешно-политичките превирања, навистина е подготвена за почеток на преговори. Мас, пак, посочува на позитивното мислење на Европската комисија за Албанија.

Холандскиот Парламент во средата се изјасни за почеток на преговори со Македонија, но не и со Албанија. Конечната одлука, ЕУ ќе ја донесе во октомври.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This