АЛБАНИЈА ЈА СНЕМУВА: Од регистрирани 2.8 милиони, во Албанија живеат само 1.4 милони жители

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Статистичките показатели потврдуваат дека во Албанија, во второто тромесечие од годинава забележан е пад на бројот на новороденчиња за дури 25,3 отсто споредено со истото тромесечие лани. – пренесе Денешен.мк

Албанскиот Институтот за статистика – ИНСТАТ соопшти дека во второто тромесечие регистрирани се 5.592 новороденчиња. Од вкупниот број најмногу од нив се родени во Тирана или 1.851 бебе, каде споредено со второто тромесечие лани бројот на новородените е помал за 22,2 отсто.

Пад на бројот на новородени деца е забележан во сите дванаесет околиии во земјата. Бројот на новородените во околијата Берат е помал за 36,5 отсто споредено со второто тромесечие лани, потоа Валона 33,6 отсто и Ѓирокастро 22,3 отсто.

Од година во година бројот на новородени опаѓа. Според ИНСТАТ, во 2017 во земјата забележан е најмал број новородени деца по 1930 година кога албанската држава започна да врши попис на населението.

Две главни причини се емиграцијата на населението, како и намалувањето на бројот на раѓањата. Експертите во Албанија нагласуваат дека стнанува збор за демографски страв. Светската организација исто така оценува дека има намален наталитет во Албанија и ако оваа состојба продолжи, за еден век можно е населението да се намали на милион жители.

Според пописот спроведен во октомври 2011 година Албанија има 2.891.977 жители. Од вкупната попишана популација, со постојано место на живеење во Албанија се 1.421.810 жители, додека другите се со престој во странство до една година. Споредено со податоците од пописот во 2001 година бројот на вкупната популација е помал за 7,7 отсто, како резултат на емиграцијата и намалениот наталитет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This