АЛБАНСКАТА ДИЈАСПОРА ОРГАНИЗИРАНО ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА: Да не дозволиме Македонија да стане Косово!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Опозицискиот порталот „Плусинфо“ на главниот медиумски стратег на опозицијата Бранко Героски денеска објави информација дека македонски Албанци, претежно од Швајцарија и Германија доаѓаат масовно со авиони за да гласаат во недела, јасно имплицирајќи дека ќе гласаат во полза на СДСМ.

zaev-ljamalari-1-640x360

На СДСМ и Заев очигледно им годат гласовите од албанската дијаспора, кои како што видовме се гласови за федерализација и кантонизација на Македонија. Заев многу прецизно во Швајцарија го објасни моделот, со кој ги лови нивните гласови, да спроведе кантонизација по швајцарскиот модел и отворање и менување на рамковниот договор.

-Првиот чекор што мораме да го направиме е да направиме уште поголема децентрализација, да ги создадеме регионите. Треба да бидеме растеретени дали има некоја делба по некој процент или математики. Гледам овде едно село е кантон и тоа село си одлучува овде за самото село, рече Заев пред Албанската дијаспора.

Во своето обраќање Заев се осврна и на Охридскиот рамковен договор, за кој вели дека “мора да се оди преку него“ доколку сме верувале во “еднаквоста и рамноправноста“. Заев нагласи дека Рамковниот не бил доволен и требало да се напуштат рамките.

-Охридскиот рамковен договор не е договор. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор, оти тој е рамка некоја. Зошто во 21- век, 25 години независна Македонија да има рамки на ограничување. Не, ќе веруваме во еднаквоста и рамноправноста и ќе му помогнам на мојот сограѓанин Албанец, вели Заев.

Токму лидерот на албанската дијаспора, Љамалари истакна дека со Заев зборувале за федерализација на Македонија и сега кога Заев е пред голем изборен пораз, остана единствено да се надева на албанските гласови кои се гласови за федерализација на Македонија и станување на творба како Косово.

https://www.youtube.com/watch?v=7pA8HJkzTjk

Последните информации велат дека токму Љамалари организирал групи на Албанци од косово и дијаспората со патни исправи издадени од МВР на Оливер Спасовски да доаѓаат и гласаат за федерализацијата која им ја вети Заев.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This