April 16, 2024, 10:39 pm

АЛБАНСКАТА ДИЈАСПОРА СЕ МОБИЛИЗИРА ЗА КИЧЕВО: Контингенти на албански гласачи масовно се организираат од САД за да го задржат „албанско“ Кичево!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанската дијаспора во САД од Кичево се мобилизира за масовна поддршка за Фатмир Дехари, како што пренесува ИНА, додавајќи дека се водени од една причина „да не дозволат да победи „слизнатиот“

Албанската дијаспора од Кичево во САД, се мобилизира да го поддржи Фатмир Дехари, пренесува албанскиот портал ИНА, во текст во кој тврди дека познати бизнисмени, албански „дејци“ и роднини се спремаат и организираат неколку контингенти на албанци кои треба да го „поплават“ нивното родно место за да го задржат „албанско“ Кичево.

Многу различни луѓе, за ИНА тврдат дека до крај ќе помагаат Кичево да го раководи борецот на УЧК, Фатмир Дехари, кој според нив заслужувал нов мандат во Кичево, за да биле реализирани и започнати нови проекти, во градот кој пред четири години за прв пат по 50 години им се врати на албанците.

Дејци и бизнисмени од Чикаго, кој не сакале да го откријат идентитетот за ИНА, велат дека до крај ќе стојат позади Дехари, кога ќе има потреба ќе излезат со поддршка за на крај да слават победа на овие избори на 15-ти октомври. ИНА додава, дека такви луѓе има и во Кичево и даваат максимална поддршка за албанскиот кандидат.

Во текстот се додава и дека иселениците се мобилизираат за да има што е можно повеќе албански гласови за да се осигура победата на Дехари, а многумина од нив веќе и потврдиле дека ќе доаѓаат на денот на изборите, од сите страни за да го оневозможат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ да победи, а со тоа и Никола Груевски.
Како што дознава ИНА, ВМРО-ДПМНЕ на големо се мобилизира и лобира за единство кај другите македонски партии, организации на бранителите, другите заедници како торбешката, Турската заедница и Ромската заедница. ВМРО-ДПМНЕ, додава ИНА, во неколку населени места за време на кампањата и преку социјалните мрежи напишала дека е спремна за враќање на Кичево, бидејќи според нив албанската дијаспора овој пат можеби и нема да се мобилизира, што пак ги исплашило албанците.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This