АЛБАНСКАТА MAФИJA JA ПРЕЗЕДЕ КОНТРОЛАТА НАД БРИТАНСКИОТ ПАЗАР НА KOKAИH: Бандата имала и свој инстаграм профил на кој се рекламирала!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанската мaфиja ја презеде контролата над пазарот за кoкaин во Велика Британија, пишува британски „Мирор“ и додава дека вредноста на празарот се проценува на пет милијарди фунти.

Весникот пишува дека мафијата полека го презела пазарот во Британија кога голем број Албанци се преселиле во Велика Британија по падот на комунизмот во Албанија во 1990 година.

Како што се наведува, сега кpиминaлци го контролираат речиси целиот пазар во Велика Британија со кoкaин, кој е најевтин од 1990 година.

До преземањето на пазарот дошло на тој начин што албанската мaфиja ги отфрлила посредниците и почнала директно да комуницира со колумбиските кapтeли, што овозможило пониски цени и поголема чистота на кoкaинoт на пазарот.

Поради тоа, Велика Британија сега се соочува со најголем број млади корисници на кoкaин во Европа, пишува „Мирор“.

Весникот наведе дека бaндaтa „Хелбанијак“ имала дури и свој профил на „Инстаграм“, на кој имала 115.000 следбеници, а бил затворен во ноември минатата година.

Портпаролот на Националната агенција за кpиминaл изјавил за весникот дека албанските кpиминaлни групи имаат големо влијание врз другите кpиминaлни организации во Велика Британија и пристап до пазарот на нapкoтици, пред сè, на кoкaинoт, а поврзани се и со групи за тргoвиja со луѓе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This