АЛБАНСКИОТ ЌЕ ВАЖИ НА ТЕРИТОРИЈА НА ЦЕЛА ДРЖАВА: Сите табли ќе бидат испишани на три јазици – Македонски, Англиски и Албански!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на Владата на Република Македонија Миле Бошњаковски денеска на прес конференција одговарајќи на новинарско прашање, призна дека законот за употреба на јазиците или поточно законот за двојазичност, важи за целата територија на Република Македонија.

На новинарското прашање поставено дали сите гранични премини ќе бидат напишани на албанскиот јазик, бидејќи албанскиот јазик е на ниво на целата држава, Бошњаковски одговори:

Да, во право сте дека албанскиот јазик е на територија на цела држава, меѓутоа во рамките на законот за употреба на јазиците има специфичен член доколку не грешам мислам дека е член 16 кое што го утврдува исклучиво ова за граничните премини и таму е утврдено дека само граничните премини во кои што над 20 проценти имаме во случајов албански наши граѓани, само тие гранични премини ќе бидат и на албански и на македонски, во случајот тројазично на англиски.

Ова го потврдува фактот дека албанскиот јазик е официјален јазик на целата територија на Република Македонија, покрај македонскиот јазик иако СДСМ и Зоран Заев претходно негираа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This