АЛБАНСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ И МЕДИУМИ: Албанците во Теарце да не гласаат и да ги остават Македонците да решат за својот победник!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Истакнатиот албански аналитичар и експерт за меѓународна политика Илир Кула вели дека етничките албански гласачи во Теарце би требало да се повлечат од изборите и да остават етничките македонски партии меѓу себе да решат кој ќе биде победник во шестата изборна единица.

ilir_kula

Според Кула, предвремените избори биле спроведени во демократска и слободна атмосфера, за што голем придонес дале и етничките албански гласачи, но ефектите од поделбата на нивните гласови можеби на прв поглед делуваат позитивно, но всушност ќе имаат негативен одраз.

– Изборите во Македонија беа навистина слободни и чисти, и ова е добра вест, бидејќи покажува дека и покрај кризата во изминатите две
години, демократијата и владеењето на правото функционираат. Албанците и албанската партија во Македонија дадоа голем придонес кон ова. Во врска со изборите во Теарце, јас ги повикувам албанските гласачи да не излезат во недела. Оставете ги етничките Македонци самите меѓу себе да решат кој ќе биде победникот. Тоа е најреално гледање на работите и е во духот на Охридскиот договор, вели Кула во интервју за МИА.

За десетиците илјади гласови на етничките Албанци кои ги доби СДСМ, Кула вели дека може да се гледа и како на своевидна политичка измама.

– На прв поглед тоа делува како мултиетнички успех, но всушност се
работи за политичка измама, бидејќи со овие 70.000 гласови ќе можеа да се изберат барем седум етнички албански пратеници, а не само два етнички Албанци, додека другите гласови да одат за пратеници етнички Македонци, додава Кула.

За идниот развој на односите меѓу Република Македонија и Република
Албанија, Кула вели дека тие мора да продолжат да бидат блиски и со
взаемно уважување и исполнување на прашања кои се од меѓусебен
интерес.

– Се разбира дека односите меѓу двете земји треба да бидат што посилни и поблиски, како економски така и политички. Ние во Албанија би требале да ја признаеме Македонија под нејзиното име Република Македонија, а не како БЈРМ, а во Македонија треба да се спроведе двојазично решение, пропорционална распределба на буџетот на општините и еден од носителите на трите највисоки раководни функции во земјата да биде Албанец. Треба да бидеме поактивни и да нудиме конкретни решенија, а не само политички коректен речник, додава албанскиот аналитичар.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This