АЛБАНСКИТЕ МЕДИУМИ СЛАВАТ „ТРИУМФ“: Албанецот од Арачиново влегува во “озогласените“ единици Тигри

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Специјалните единици во Министерството за внатрешни работи до денес беа “забрането јаболко“ за Албанците. Во специјаните единици “Тигри“, 37 години од формирањето на единицата ниту еден Албанец не е вработен – пишуваат албанските медиуми во земјава


Како што дознова истражувачката емисија “Без Цензура“ – (Pa Cencurë) со последниот договор помеѓу ДУИ и СДСМ, заменик министерот Агим Нухиу поднел предлог за вклучување на Локман Селими во оваа единица и тоа на раководна позиција. Локман Селими е ефектив на Специјалните сили на Македонија од Арачиново.
Тој е командант на една екипа на Специјалните сили, кои ги спасија животите на пратениците вечерта на 27 април во Собранието на Македонија од насилствотона хулиганите, без да прават разлика дали беа македонски или албански пратенеици.
Тој и тројца албански членови на оваа екипа беа повредени здобивајќи се со разни телесни повреди. – пишува ИНА онлајн, портал на албански јазик.

Претходно, припадниците на ЕСЗ „Тигар“ во два наврати испратија анонимни писма до „Инфомакс“ со предупредување дека се подготвува ваква одлука која ќе значи и нарушување на националната безбедност на државата.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This