April 23, 2024, 11:34 am

Албански „Анонимуси“ и се закануваат на Франција поради апсењето на Харадинај

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Групата „Анонимуси“ од Албанија и се закани на Франција дека ќе ја плати цената и ќе биде виновна за почеток на војна на Балканот, доколку не го ослободи Рамуш Харадинај.

ano-520x323

Во видео порака преку интернет каналот Јутјуб членови на „Анонимуси Албанија“ велат дека се многу разочарани од одлуката на француските власти во врска со апсењето на Харадинај, оценувајќи ја како провокација.

-Вие го поткопувате дијалогот меѓу Косово и ЕУ. Вашата провокација ќе предизвика војна на Балканот. Затоа, не си играјте со нас. Не треба да го екстрадирате Харадинај на Белград, бидејќи по војната ќе биде со нас и Албанците. Не заборавајте, или Харадинај на слобода или ќе платите за ова. Ние сме „Анонимуси Албанија“. Ние не забораваме, чекајте не- се наведува во пораката.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This