АЛБАНСКИ МЕДИУМИ: Раскол во ДУИ по средбата со СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според неофицијални иформации кои ги пренесуваат албанските медиуми во ДУИ и натаму е тензично откако партијата вчера преку своите потпретседатели оствари средба со своите колеги од СДСМ каде беа извршени првите директни разговори за формирање на нова влада.

dui

Во ДУИ сега незадоволно е крилото кое го води Муса Џафери кое наводно се заканува дека дури може и да ја растури партијата или да се отцепи доколку дојде до одлука да се коалицира со СДСМ, а не со ВМРО­ДПМНЕ. Во секој случај интегративците ќе бидат ставени пред тежок тест и каква и одлука да донесат ќе има внатрешно незадоволство бидејќи се водат две сосема различни стратегии. Едниот дел од партијата смета дека понатамошна коалиција дополнително ќе му наштети на угледот на ДУИ, додека пак вториот дел сака да ја продолжи соработката со ВМРО­ДПМНЕ како дел од власта со партнер со кој знаат дека може да водат реална политика, а притоа да си ги зацврстат своите позиции пред одржување на евентуални нови избори.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This