АЛБАНСКИ УЦЕНИ ЗА СЦЕНАРИЈА ПО 11 ДЕКЕМВРИ: Кризата по 11-ти декември нема да заврши без 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако се слушаат уцените што деновиве с` позачестено се кажуваат од лидерите на сите албански партии и коалиции, лесно може да се случи 11-декемвриските избори воопшто да не бидат крај на македонската политичка криза. Не поради инциденти, не поради вкупната регуларност на гласањето, туку поради тоа што ќе се случува во постизборниот период. Kомплетен албански политички блок, практично, постави услови кои, доколку не бидат исполнети ќе значат дека ниту една албанска политичка партија нема да биде дел од новата влада. А категоричните услови се веќе познати – од целосната рамнноправност на Албанците во земјава, преку двојазичноста с` до определувањето на точниот датум на промената на името на нашата држава во спорот со Грција. Без сето тоа да биде прифатено од страна на победничката партија во македонскиот политички кампус, нема да има досегашна пракса на победничко коалирање на македонска и албанска политичка партија

gjorgjevski_uceni

Што ова практично значи? Тоа дека македонските партии едноставно на ваквите барања многу лесно и може да решат да не ги прифатат категоричните услови. Па, така, владата да ја формира само таа македонска партија која ќе обезбеди парламентарно мнозинство. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ веќе на митинзите постојано бара поддршка за 63 пратеници за да не биде уценувана. Тогаш, тоа ќе биде сосема легитимна влада бидејќи, нели, правилата се такви.

Прашање што веќе сега треба да го одговорат албанските политички партии, кои постојано ги форсираат ваквите уцени, е дали тие мирно и без проблем ќе ја прифатат ваквата влада. Сосема легитимно е една политичка партија да не ги прифати условувањата на другата. Впрочем, затоа и постојат коалиции, затоа се избира парламентарно мнозинство и затоа никому не треба да му биде проблем да не е во владата. Албанските партии со сегашни уценувања, всушност, самите се откажуваат од досегашното непишано, но веќе етаблирано, правило за коалицирање на победнички партии од двата етнички корпуса. Тогаш, не би смеело ниту да има незадоволство, да има отпори или предизвикување на нестабилност доколку не им биде удоволено на нивни барања.

Или, идејата е некоја друга – да се предизвика нова криза доколку опозициската СДСМ не биде во можност да состави владино мнозинство по 11 декември. Тогаш убаво и ќе се види дали идејата била изворно нивна или им била доставена од страна за да се спроведат сценаријата што се планирани.

Бранко ЃОРЃЕВСКИ за Дневник

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This