АЛБАНСКОТО „ЗЕЛЕНО ЗЛАТО“: Албанија прерасна во најголемиот произведувач на канабис, трговија која е дел од половина од државниот БДП!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанија стана најголемиот произведувач на канабис на отворено во Европа. Оваа илегална дрога е опишана како „зелено злато“, а килограм им носи од 100 до 200 евра.

albanija-drog

Во Италија истата количина чини околу 1.500 евра. Според прилогот кој го направи Би-Би-Си во кој се зборува дека најголемиот дел од канабисот се шверцува на север преку Црна Гора, на југ преку Грција или на запад преку Јадранското море до Италија.

Побарувачката на домашниот пазар наводно била лоша. Како што проценува еден од изворите на Би-Би-Си, оваа нелегална индустрија носи околу пет милијарди евра годишно, што е околу половина од албанскиот БДП.

Произведувачите до кои дојде Би-Би-Си велат дека имаат произведено околу 250-300 килограми и дека речиси секоја куќа во нивното село продава канабис, пренесува „Вијести“. Момчето кое произвело 350 килограми вработува 15 лица, а плаќа и чувари кои ги чуваат посевите.
„Плаќам и на полицијата околу 20%. Секој мора да земе пари. Ако не платите, ќе ве одведат во затвор“, вели и продолжува да се брани:
„Ова е наше проклетство, бидејќи нема работа, нема пари тука за ништо друго.Знаме дека не е во ред тоа што го правам, но нема друг начин…“, вели производителот од Албанија.

Невработеноста во Албанија е висока, а корупцијата распространета, што се идеални услови за понатамошен развој на производството на канабис и трговија со оваа нелегална билка. Тамошната Влада се обиде да с еизбори против оваа нелегална индустрија. Оваа година се уништени два милиони пакети канабис. Во таа мисија Владата на Албанија има поддршка од Италија.

Имено, Италија го плаќа надзорот од воздух и на тој начин се обидуваат да ги пронајдат скриените плантажи.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This