АЛБАНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО НАЈЗАИНТЕРЕСИРАНО ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО: Најмногу регистрирани гласачи од дијаспората од Швајцарија и Австрија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонските иселеници во Швајцарија и Австрија до сега најзаинтересирани за гласање на претстојниот референдум. До вчера, како што соопшти Државната изборна комисија, во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство се доставени вкупно 251 пријава од граѓани за гласање, сите преку веб апликацијата на ДИК, dijaspora.se​c.mk.

Најголем број пријави се поднесени за гласање во Берн и Виена – по 21, во Љубљана и Торонто по 18, Канбера 15 ….Од пријавите, 127 се прифатени, а 124 се во обработка, информираат од ДИК.

Од Државната изборна комисија укажуваат дека доколку некој од иселенците се пријави за изјаснување во дипломатско конзуларно претставништво во странство тогаш нема да може да гласа во Македонија доколку допатува во земјата

Од ДИК нагласуваат дека промените во Избирачкиот список граѓаните може да ги направат само со поднесување соодветна документација и ги повикаа граѓаните да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список за време на јавниот увид за есенскиот референдум што трае до 23 август.

На првиот ден од јавниот увид во Избирачкиот список на 9 август во подрачните единици проверка направиле 213 граѓани, а во континуитет тоа се прави и електронски преку веб страната на Комисијата.

Да се потсетиме дека Зоран Заев пред парламентарните избори во 2016 во Македонија ја посети албанската дијаспора во Швајцарија каде го наговести сценариото кое сега го спроведува во државата. Имено во Швајцарија тој им вети на Албанците излегување од рамките на рамковниот договор и проширување на правата на Албанците, а токму во Швајцарија тој ја обвини Македонија за проблемите кои ги има со соседи со што ја навести политиката за која долго време збореше, политиката на свиткана кичма.

Од движењето #Бојкотирам испратија апел до македонското иселенешитво кое е против промена на името на државата да се ресгистрираат што поголем број гласачи за гласање кои потоа ќе го бојкотираат референдумот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This