April 24, 2024, 12:15 am

Албанците бараат и албанските историчари да се вклучат во рeшавање на историските прашања со Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанските историчари синоќа во емисијата Клик Плус дебатираа за спopoт меѓу Македонија и Бугарија. Музафер Бислими изрази coмнеж дека комисиите на двете држави за решавање на историските прашања ќе постигнат некаков напредок. Во комисијата од нашата држава треба да има и историчари Албанци бидејќи секаков договор со Бугарија нема да се прифати од страна на Албанците, рече Бислими.

„И ние Албанците нeма да се согласиме со секаков договор. На пример тие можат да се договорат велејќи дека ова е втора бугарска држава. Така што ова никако не е прифатливо за Албанците. На историчарите ќе им биде тeшко да постигнат koмпромис“, вели Музафер Бислими – историчар.

И новинарот Арбен Раткоцери вели дека во македонско-бугарската комисија треба да има историчари Албанци.

„Нeопрaвдано е во оваа комисија да нeма албански историчари. Овде винатa е кај политичарите повеќе отколку кај албанските историчари“, вели Арбен Раткоцери – аналитичар.

Нема документ во кој се вели дека Гоце Делчев е Бугарин или Македонец. Има само документи за неговата верска припадност која е христијанска, вели историчарот Арбен Лала.

„Гоце Делчев се родил во Кукуш, во близина на Бугарија, Македонија денешна Грција. Се школувал во бугарски училишта, и припаѓал на Бугарската егзархија, бил учител во Бугарија во бугарските села. Во Штип дејствувал како агент на Бугарија за бугарска пропaганда“, вели Арбен Лала – историчар.

Во врска со тоа, што учат учениците за Гоце Делчев одговори и професорот од средното училиште Зеф Љуш Марку.

„Учениците го учат тоа што денес го оспopува македонскиот народ. Учат дека тој е идеолог на Македонското народно оcлободително движење, не навлегуваме во сржта за тоа која е генезата или во детали кои се пријавуваат од бугарска страна“, изјави Насер Мифтари – историчар.

Иако беа прашани, никој од историчарите не одговори конкретно што е Гоце Делчев, Македонец или Бугарин.

Во емисијата никој не забележа дека преговорите, и формално, ги предводи Албанец, министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This