АЛБАНЦИТЕ ВО КОСОВСКА МИТРОВИЦА СЕ ОБЕДИНУВААТ: Кpвопpолeвањето е неминовно!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хаим Тачи, актуелниот претседател на Косово, ја поддржа иницијативата на Претседателот на Јужна Митровица Агим Бахтрију за обединување на северниот и јужниот дел на Косовска Митровица.

 

Дали извршува наредби однадвор или ова е негов обид да ги обедини албанците пред да потпише било каков договор со Белград?

Секако ова е многу ризичен потег без разлика дали Приштина дејствува самостојно или не.

„Ова е јасна порака и дополнителен притиcок со кој треба да му се стави на знаење на Белград дека нема да се преговара за Митровица, Газивода и статусот на северниот дел од Косово, и дека Косово како независна држава со суверена власт на својата територија, може да прави што сака дури и ако тоа се коси со интересите на Србите“ изјави Сурлич, професор на Белградскиот Универизитет.

Челич, професор на универзитетот во Приштина пак вели овој потег е отворено непочитување на таканаречениот Ахтисариев план како и на договорите постигнати со Брисел. Тој смета дека оваа постапка е поекcтремна и од даноците на производи увезени од Србија кои претходно беа воведени. „Се плашам дека ова обединување ќе ја вже шти ситуацијата и неминовно ќе доведе до пролевање на кpв.“ истакна професорот.

Сурлич смета дека Тачи ги преземал овие дејствија врз основа на петицијата која пак била спроведена само во албанскиот дел на Косовска Митровица. Со оглед на разликите во застапеноста на албанското население во северниот и јужниот дел, ова обединување единствено што би можело да предизвика е маргинализација на српската заедница и загро3ување на нивните права загарантирани со косовските закони па и со непризнаениот Ахтисатиев план.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This