АЛБАНЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА НА РАБ НА НЕРВИТЕ: Албанските пратеници ги подгреваат меѓуетничките тензии со националистичка реторика!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аналитичарите од Скопје не ја исклучуваат можноста за повторување на кумановско сценарио доколку СДСМ и Албанските партии не успеат да формираат влада – пишува Бранкица Ристиќ, новинар на Спутник

albanci_nervoza

Нервозата поради неупсехот на СДСМ и албанските партии да формираат парламент, а уште помалку влада во Македонија, внесе нервоза во оваа коалиција, а одредени пратеници претежно од албанските редови полеко почнаа да ја губат контролата од говорницата и да отркиваат податоци од коалицискиотдоговор со СДСМ кој досега никој не ги знаеше.

Најдалеку отиде албанскиот пратеник Зијадин Села, партнер на СДСМ, кој од говорницата на Собранието го обвини Македонскиот народ дека е геноциден кон Албанците, и дека гаи геноцидни тенденции и дека сака Албанците да ги протера од Македонија.

Оваа изјава додатно доли масло на веќе запалениот македонски оган, па почна да се поставува прашањето дали албанската нервоза може да се прелие на нешто сично на она што се случи во Куманово.

Наталија Ивчева, политиколог од Скопје, вели дека се е можни и потсетува дека во 2001. година судирот изби без очигледна причина.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

„Од нив навистина може да се очекува се и сешто. Очигледно е дека тие нема да отстапат од сценариото за Голема Албанија и дека нивниот став ќе се обидат да го истераат до крај. Тие ја уценија Македонија со Тиранската платформа, а што повеќе поминува време, тоа се понервозни“ – вели во изјава за Спутник, Ивчева.

 

[/kopa_block_quote]

Александар Митовски, директор на Центарот за истражување и анализа, не е далеку од мислењето дека би можело да се повтори кумановското сценарио, бидејќи како што вели во изјава за Спутник, очекува дека острите зборови кои албанските пратеници ги упатуваат од говорницата се упатени пред се на албанската популација.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

„Верувам дека тие имаат улога да ја анимираат всушност албанската заедница и да ја изведат на улица како противтежа на Македонскиот народ кој со денови шета по градовите на Македонија со тоа покажувајќи дека е против тиранската платформа“ вели соговорникот за Спутник.

 

[/kopa_block_quote]

Двајцата соговорници за Спутник веруваат дека уцената е најдобар збор кој ја опишува ситуацијата во која Македонија сега се наоѓа.

И Ивчева и Митовски сметаа дека кризата околу парламентот ќе продолжи. Во исто време Никола Груевски се наоѓа на Малта на Конгресот на Европските народни партии (ЕПП), каде имаше низа на средби со лидерите на Европската Унија, додека Зоран Заев добива јавна поддршка од албанските интелектуалци во Македонија.

Митовски вели дека не очекува дека ситуацијата по разговорите на Груевски со лидерите на ЕУ на Малта многу ќе се промени, но додава дека е убаво „да се види дека и Македонија има пријатели поемѓу европските влијателни држави“.

Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов во понделеник би требало да го пречека претседателот на Европскиот совет Доналд туск. Туск ќе ја посети Македонија во рамк ина својата регионална турнеија, а е споветен на ситуацијата со мигрантите и бегалската криза и спроведување на сеопфатно европско решеие.

Парламентот на Македонија ја продолжува Конститутивната седница и расправата за избор на претседател, заменик претседател, членови и заменици на Комисијата за избори и именувања.

Конститутивната седница на парламентот започна на 30. декември 2016, но е откажана затоа што не е обезбедено парламетарно мнозинство за да се избере претседател.

 

Бранкица Ристиќ
Спутник

15 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This