АЛБАНЦИТЕ И ХРВАТИТЕ ЈА CПУKAA: За ХРТ Косово е дел од Република Србија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хрватската радио телевизија е нападната е од страна на албански и хрватски националисти, како и од претставниците на Албанците во Хрватска, бидејќи, според нивното мислење, за време на известувањето за изборите на Косово, наместо знамето на Косово, во позадината на екранот ставено е знамето на Србија.

Одделни медиуми во Хрватска го окарактеризираа чинот на ХРТ како бламажа, а претставничката од редовите на албанското малцинство Ермина Лекај Прљаскај, како и амбасадорот на Косово, се состанаа со раководството на хрватскиот јавен сервис.

Со менаџментот на ХРТ, ако е точно тоа што го пишува Лекај Прљаскај, се договориле да се покрене дисциплинска постапка против работникот кој на позадината ставил српско знаме известувајќи за изборите во Косово.

Освен тоа што некој може да остане без работа, одлучено е и претставник на собранието и амбасадорот да гостуваат на програмата на ХРТ. Потоа, екипа на хрватскиот јавен сервис да заминат на Косово и таму да подготват прилог и под три единствен извор за ситуацијата во Косово да биде исклучиво Радиот телевизија Косово.

Претставничката од редовите на албанското малцинство Ермина Лекај Прљаскај на својот фејсбук објави што е договорено на состанокот со раководството на ХРТ.

– Денеска во просториите на ХРТ заедно со амбасадорот на Република Косово – Н.Е Гезим Касаполи, одржав работен состанок со директорот на ХРТ,како и со уредниците. Побаравме јавно извинување од страна на ХРТ кои ветија дека ќе го испратат до амбасадата на Република Косово, како и да се започне дисиплинска постапка против тројца работници кои „ненамерно“ направиле пропус, наведува Лекај Прљаскај и додава: Понатаму, ХРТ ќе повика на гости во информативно политичкапрограма амбасадиорот Гезим Касаполи и мене како собраниска претставничка за албанското национално малцинство, како и дека состав на ХРТ ќе го посети Косово и ќе сними документарно-едукативна емисија за развојот на Косово денеска. Исто така, побаравме директен извор на информациите поврзани со состојбата на Косово исклучиво да биде РТК-телевизијата на Косово. Имено, ХРТ и РТК имаат договор за соработка, но таа соработка не се применува во пракса доволно, па затоа и доаѓа до вакви пропусти, пишува таа.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=1012658612428365&id=100010527065109

На нејзината објава, хрватскиот портал Индекс.хр ги нарече ветувањата на колегите на ХРТ скандалозни.

– Освен договорот за тоа единствен извор на информациите за состојбите во Косово да биде исклучиво телевизија Косово, останатото што го наведува Лекај Прљаскај не мора само по себе да биде погрешно. Но, ако навистина на состанокот со челниците на ХРТ е договорено гостување на косовскиот амбасадор, на страна на нормалната процедура, а посебно ако претставникот од редовите на албанското малцинство и амбасадорот ја уредуваат програмата на ХРТ, како што сугерира нејзината објава, не само што е погрешно туку и скандалозно, се наведува во заклучокот од текстот на порталот „Индекс.хр“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This