March 28, 2024, 10:40 am

АЛБАНЦИТЕ ЛУТИ НА ЗОРАН ЗАЕВ ПО ИЗЈАВТА ЗА КОСОВО: Изјавата на Заев е насочена против косовските Албанци и САД!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ставот на македонскиот премиер Зоран Заев дека трансформацијата на косовските безбедносни сили во војска на Косово доаѓа во погрешен момент, претставува националистичка изјава која пред сè е насочена против Албанците во Косово, како и против САД, изјави лидерот на Алијанска на Албанците Зијадин Села.

Таквиот вокабулар на Заев го доведува во прашање неговиот однос со САД, оставајќи сомнеж дека таквото сценарио им одговара само на Србија и Русија, напиша Села на својот фејсбук профил.
Села, меѓу другото, му порачува на премиерот Зоран Заев, како што вели, да погледне во сопствениот двор и да ги спроведе вистинските реформи во Македонија без да се меша во внатрешните работи на Косово.

Од Алијансата за Албанците, се вели во статусот, го повикуваат премиерот веднаш да ја повлече својата изјава и во име на Македонија да и честита на Косовската Влада за нејзината армија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This