АЛБАНЦИТЕ НАЈАВУВААТ НАПУШТАЊЕ НА КОАЛИЦИЈАТА: Ако Заев не гласа за влез на Косово во УНЕСКО, Албанските партии излегуваат од влада?

Поврзано

- Advertisement -
Доколку Зоран Заев, одбие да го поддржи приемот  на лажната држава Косово во Унеско,како што им ветил предходно пред да стане премиер, за да ја добие нивната поддршка, албанските партии во Македонија му се закануваат со излегување од владата, пренесува Информер.рс.
- Advertisement -

Зоран Заев кој имаше склучено пакт со албанците, може да ја изгуби власта ако не го оддржи зборот.

Албанските партии во Македонија, чии водачи воглавно се поранешни борци на терористичката УЧК  му се закануваат на Заев со излегување од Влада доколку на есен не го поддржат Косово!

‘Тивка војна’

Добро упатени извори за српски Информер.рс тврдат дека во Скопје моментално има ,,тивка војна“ помеѓу Заев со албанските лидери.

– Заев за српските медиуми изјави дека Скопје ќе го промене ставот и дека во Септември ќе биде воздржан за приемот на Косово во Унисеко. Лидерите на албанските партии во Македонија ова го дочекаа на нож. Му порачаа на Заев дека доколку се случи тоа, моментално ќе ја откажат нивната поддршка и ќе ја срушат Владата на Заев. притисоците траат со месеци, а како поминува времето тие само ќе бидат поголеми.Заев го притискаат и албанците од Косово и од тирана. инсистираат на Тиранската платформа, која беше основа Заев да добие подршка од албанските лидери за да направи влада, а сега тој сака да ги заобиколи ветувањата..изјавуваат соговорници блиски до македонскиот премиер. 

Поранешниот шеф на српската дипломатијата Живадин Јовановиќ смета дека ова е клучно прашање на кое Заев ќе покаже дали ќе го исполни ветувањето или ќе сака да го заборави.

– Заев на есен ќе има можност да покаже дали стои до дадениот збор. Ако го подржи Косово, индиректно ќе оди кон растргање на сопствената земја. Истовремено, ќе ги охрабри заговарачите за Голема Албанија, што е многу опасно – заклучува Јовановиќ.

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This