March 29, 2024, 12:16 pm

АЛБАНЦИТЕ НА КОПАОНИК ПОСТАВУВААТ ГРАНИЦА НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанците со уп адот на северно Косово и апcењето на србите ја истакнуваат својата јасна претензија да го пpотераат српското население од Косово, а како што вели Вучиќ границата на голема Албанија да ја постават на Копаоник!-пишува Еспресо.рс.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ обраќајки се на пратениците во Собранието укажа и на можноста Приштина да се обиде да ја помести границата на Kопаоник, но дека тоа Србија нема да го дозволи.

“Границите на Голема Албанија можат во нaредните денови да се поместат и да се појават на Копаоник, благодарејќи и на Срби кои им помагаат во тоа, но мојот одговор кон нив е дека нема да има таква граница на Копаоник“-истакна Вучиќ.

Според предходните најави и објави доколку се реализира идејата за Голема Албанија , тоа би значело дека ќе бидат отцепени делови од Црна Гора, Србија , Македонија и Грција.

Според планот во составот на Голема Албанија би влегле Улцин, Плав, Рожај и Подгорица, потоа Косово, Прешевска долина Лесковец, Врање и Прокупље, западна Македонија и Скопје, како и грчкиот дел со Албанија и Македонија, до Јањина. Така што и грчкиот остров Крф ќе биде во Голема Албанија.

Ова е мапата на т.н. Голема Албанија која ја објавуваат српските портали.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This