АЛБАНЦИТЕ НЕЗАДОВОЛНИ: Бараат на пописот да има етнички белези!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На вечерашната емисија Отворено на Алфа телевизија на тема „Зошто мултиетничка Македонија не може да спроведе попис со етничко пребројување“ учествуваа директорот на Државниот завод за статистика Антон Симоновски, Гордана Јовиќ- Стојковска од Српската заедница и Албер Мемети од НВО „Ромалитико“ .

Алберт Мемети истакна дека културолошките не можат да ги заменат етничките карактеристики затоа што етничките карактеристики се една поширока категорија која опфаќа јазик култура религија  право на самоиндетификување  т.н.  Мемети кажа дека самиот контекст кој што се креира околу пописот дека нема да го има тој етнички белег се коси со неколку прав ни принципи кој што произлегуваат од Уставот на Република Македонија и тоа особено се Амандманот 6 принципот на правична застапеност, Амандманот 29 кој што се однесува на избор на судии поротници и претседатели и Амандманот 30 каде што однесува на избор на Јавни обвинители.

Мемети исто така истакна дека Обединетите нации препорачуваат пописот да има етнички белези.

„Ова не е измислено од мене ова јасно стои  во препораките на Обединетите Нации  за одржување на попис каде што вели дека  државите кои имаат подолга историја  или пак контекст каде што живее население кое што  има етничка композиција може да собираат информации и за етничкиот идентитет на населението, за мајчиниот јазик и слично и тука препорака е доколку контекстот го овозможува тоа а во Република Македонија веќе има припадници на етничка заедница  таквиот попис да содржи етнички белези“ потенцираше Мемети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This