АЛБАНЦИТЕ ТРЕБАЛО ДА ИМААТ ДРЖАВОТВОРЕН СТАТУС ВО МАКЕДОНИЈА: ОРСЕИ бара Албанците да добијат државотворен статус во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Организацијата за Регионална Соработка и Европски Интеграции (ОРСЕИ), се изјасни позитивно за референдумот кој ќе се оддржи во Македонија за договорот со Грција, за прашањето за името, пренесува новинската агенција на албански јазик ИНА.

UCK.jpg

Како што пишуваат на ИНА, ОРСЕИ сметаат дека со успешниот референдум ќе се отвори евро-атланската перспектива за македонските граѓани. Оваа организација ја потенцира важноста на временскиот период по референдумот, во кој се очекува да се отвори процесот на уставни промени.

-Веќе е крајно време и момент Уставот на Македонија да гарантира демократска држава, која ги почитува сите права на грашаните, без разлика на етничката и верската припадност. Со уставните промени треба да се регулира и статусот на Албанците, кои сочинуваат околу 30% населението и кои силно придонесуваат државниот буџет, се потенцира во реакцијата на ОРСЕИ.

Оваа организација бара, албанските партии со помош на меѓународната заедница да бараат јасно дефинирање на албанскиот народ и на албанскиот јазик во Уставот на бржавата.

-Во Уставот на Република Македонија мора да стои дека македонскиот јазик со неговото кирилично писмо и албанскиот јазик со неговото латинско писмо, се службени јазици на Република Македонија. Исто така државните симболи треба да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката еднаквост.

Исто така се бара за време на исполнувањето и подобрувањето на најголемиот правен акт да се обезбеди социјална и економска еднаквост на сите заедници во државата.

ОРСЕИ бара со отворањето на Уставот за промена на името да се иницираат и други промени за унапредување на уставно-правниот статус на Албанците во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This