АЛБАНЦИТЕ 3БЕCНАА:Би-Би-Си објави дека ПРИШТИНА Е НАЈГPДА ПРЕСТОЛНИНА ВО ЕВРОПА!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се чини дека Приштина е најгpдиот град во Европа, оценува репортер на Би-Би-Си, кој лани се нашол во близина на булеварите „Џорџ Буш“ и „Бил Клинтон“ во тој град во Косово.

Репортерот наведува дека уредно ја платил хотелска соба без вода и се одлучил да ги искористи следните два дена за обиколка на градот изграден во комунистички стил со бетонски блокови и со валкани улици.

„Не мислам дека ова е најлoшиот хотел во светот, но само затоа што светот е многу голем“, изјави претседателот на Косово, Хашим Тачи за државниот хотел „Гранд”, потсетува Би-Би-Си и додава дека во култната емисија „Лонли планет“, Приштина е опишана како „едно од малкуте естетски места“, а „Бостон Глоуб” како „најгрда и најсмешна престолнина во Европа “.

Првото место кое го посетил репортерот на Би-Би-Си била Националната библиотека на Косово, која порталот „Виртуелен турист“ и го додели престижното признание за најгрдата зграда.

Отворена е во 1982 година, а нејзината ограда најмногу потсетува на затвор.

За него е иронија тоа што во Приштина се наоѓа катедралата Мајка Тереза, а пред се затоа што Ватикан не ја признава независноста на Косово, но и поради тоа што 90 проценти од граѓаните на Косово се со исламска вероисповест.

Тој вели дека до 14. век поголемиот дел од албанското население биле христијани и дека дури по турското освојување се сѐ променило, а сега христијаните сочинуваат само три проценти од населението.

Патот на независност не мора да доведе до напредок, констатира репортерот и додава дека „без парите, кои доаѓа од странство, економијата целосно би се распаднала”.

Репортерот вели дека косовскиот суверенитет е признат од 114 од вкупно 193 земји во ОН.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This