АЛБАНСКИ ИСТОРИЧАР : Језеџи ги повика Албанците да гласаат против

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанскиот историчар Олси Јазеџи објавува видео во кое бара Македонија да не станува членка на НАТО. Тој не зборува ништо против ЕУ но остро го критикува НАТО како организација која сака конфликт во кој ќе биде вовлечена и Македонија, пренесува Експрес.

Во видеото албанскиот историчар апелира до Албанците Муслимани во Македонија да гласааат против НАТО на референдумот. Според него НАТО е империјална сила која што бомбардирала неколку муслимански земји во последниве децении и наскоро ќе ги нападне Турција, Русија и Иран.

Неговата порака е дека ако луѓето сакаат мир , без разлика дали се муслимаани или христијани треба да му кажат не на НАТО затоа што тоа значи војна и насилство.

Со влезот на Македонија во НАТО Албанците и Македонците ќе ја загубат својата независност, слобода, и други странски и внатрешни политики ќе владеат со нив.

Според историчарот францускиот претедател Макрон и американскиот потпретседател Пенс бараат Македонците да гласаат за НАТО затоа што се очајни.

Јазеџи апелира до македонските православци и муслимани да речат не за НАТО ако не сакаат да бидат употребени како војници за да се борат против Русија и Турција. Затоа тие според него треба да го изберат патот на мирот како Швајцарија и да останат надвор од конфликтите.

Во друга изјава Јазеи тврди дека раководството на Исламската Верска Заедница на Македонија (ИВЗ) која пред неколку дена побара од муслиманите да гласаат ЗА на референдумот, се кукли на Заев.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This