АЛЕКСАНДАР МАЛЕНКО ОДГОВОРИ НА КРИВИЧНАТА: Мане и неговите пајташи да објаснат каде се 3,5 милиони денари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Освен дека останува на ставот дека е легитимен претседател на Пливачката федерација на Македонија и признаен од ФИНА и ЛЕН, Маленко открива нов скандал поради кој ПФМ во периодот од 2003 до 2008 година се задолжила за 3,5 милиони денари и тоа благодарение на тие кои сега се претставуваат како легитимно раковотство на ПФМ.


Македонската пливачка легенда, Александар Маленко, експресно ги демантираше сите обвинувања и закани кои генералниот секретар, на според Маленко, нелегалната Пливачка федерација на Македонија, Марјан Соколовски-Мане, ги упати преку ексклузивното интервју кое го даде за дневниот весник „Вечер“.

Освен дека останува на ставот дека е легитимен претседател на Пливачката федерација на Македонија и признаен од ФИНА и ЛЕН, Маленко открива нов скандал поради кој ПФМ во периодот од 2003 до 2008 година се задолжила за 3,5 милиони денари и тоа благодарение на тие кои сега се преставуваат како легитимно раководство на ПФМ.

– Почитувани! Со цел вистината конечно да ја дознае јавноста,како шлаг на торта дојде интервјуто кое го направивте за вашиот ценет дневен весник “Вечер# на 23.6.2018 година со самопрогласениот “генерален секретар#на ПФМ, Марјанчо Соколовски-Мане. Немаме намера да трошиме време на зборови за одбрана, напротив со само две реченици ќе ја доловиме состојбата која ја предизвикуваат вакви злобни личности! Лицето “Мане#, потпомогнато од вечно искомплексираните пајташи Манич Александар, Методија Ангелевски и уште неколкумина безимени личности имаа водечка улога во ПФМ во периодот од 2003-2008 година кога не само што ја уништија и обезличија ПФМ, туку ја задолжија со 3,5 милони денари, за што сведочи позајмицата од претседателот на ПФМ во тој период, Зоран Алексов, тогашен директор на Централен регистар, кој со нивна согласност дека ќе ги вратат парите ненаменски потрошени од нивна страна ја дава позајмицата на ПФМ, која до ден-денес ја немаат вратено! Но,ова е најмалку што злобно и штетно направиле кон ПФМ. Нивната злоба штета продолжува и понатаму, за што говорат нивните “успеси# како тренери и спортски работници. Имено,своите клубови ги затворија, за да се вдомат во СРЦ “Борис Трајковски# – Карпош базен (2011-2018 година) и во Пк Бета-Скопје каде што илјадници деца и родители до ден-денес се манипулирани во секој поглед од резултатски до финансиски аспект. На крај, вакви СПОДОБИ, кои како крлежи се упикуваат на секоја власт и личности кои водат спорт, се со една цел, да направат финансиски криминал во име на спорт, под превезот “вајлд карта и учество-шетња#! Додека сум жив нема повеќе да дозволам вакви СПОДОБИ да просперираат во пливањето и во македонскиот спорт, гласи официјалниот став на раководните лица во ПФМ и на претседателот Александар Маленко.

Исто така, првиот човек на ПФМ го прашува Соколовски на кој конкурс е избран за Генерален секретар, односно дали тоа е направено согласно законот на Република Македонија. се претставуваат како легитимно раководство на ПФМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This