АЛЕКСАНДАР НИКОЛОВСКИ ВО ДЕТАЛИ: Проблем во договорот со Грција има уште во самиот наслов!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Елоквентно и професионално како и секогаш потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во своето гостување во емисијата „Јади Бурек“ како никој пред него ја објасни штета која и ја нанесоа на Македонија, Заев и СДСМ кога го потпишаа капитулантскиот договор за промена на името на држвата.

Имено Николовски во кратките видеа кои ги објави на неговата Фејсбук страна целосно ги објаснува сите штетни точки од договорот кои ги има премногу. Николовски истакна дека проблем со договорот има уште во самиот наслов, каде Македонија се откажува од својата најголема дипломатска победа, Хашката пресуда. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека пресудата на Меѓународниот суд на правдата, кој потврди дека Македонија е во право, а Грција не, по потписот на Димитров на договорот веќе не важи.

-Прво е самиот наслов, вели финален или краен, ова е слободен превод кој што го користам. Финален или краен договор за затворање на разликите објаснети од ОН во резолуција 817 и 845, тие се резолуциите за прифаќање на ФИРОМ и запирање на времената спогодба од 1995-та година. Во овој договор во Членот 1, Став 1. Значи првиот Член првиот Став, јасно пишува дека овој договор е конечен и по неговото влегување во сила се запира важноста и постоењето на времената спогодба потпишана помеѓу двете страни во Њујорк на 13 септември 1995 година. Да објаснам за гледачите ова што значи, ова значи дека Македонија се откажува од пресудата пред Меѓународниот суд во Хаг од 2011 година со која што пресуда највисокиот суд во светот, судот на ОН пресуди дека Македонија е во право, а Грција не е во право и дека Грција не смее да ја блокира Македонија во членство во ЕУ и НАТО. Значи нешто што беше тешко стекнат, нешто што беше победа на нашата дипломатија со еден потпис на Димитров, практично не важи и се прешкртува, а одлуката на судиите во Хаг веќе не важи, поентираше Николовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This