АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ ЗА ДИМИТРОВ: Што да очекуваме од министер кој смета дека народот му е со комплекс?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во колумна насловена „Комплекси“ за Независен, ја критикуваше скандалозната изјава на министерот за надворешни работи, Никола Димитров кој во Собранието кажа дека македонската нација е искомплексирана.

Николоски пишува дека досега, никој толку не го навредил македонскиот народ, како Димитров со изјавата:

„Се работи за нација со комплекс, која мора да си бара корења назад 2000 години. Ако го нема Александар Македонски, ние не знаеме кои сме, престанете, срам ми е да ве слушам…“.

-Откако спорот за името официјално трае, не се случило ни еден грчки министер или премиер да каже дека Македонците се нација со комплекс! Но тоа го направи министерот за надворешни на Македонија, кој во суштина треба да ги брани националните интереси токму на тој македонски народ. Не сум слушнал досега за министер за надворешни или премиер или претседател на која било европска држава кој за својот народ, за својата нација, која ја претставува, кажал дека е со комплекс. Можеби основната причина за тоа е што сите тие се избирани на избори од народот кој им ја дава довербата да го претставуваат, за разлика од министерот Никола Димитров, кој беше октроиран или, ако милувате насаден, во министерската фотелја без да учествува на избори и да ја добие довербата на граѓаните. – напиша Николоски.

Николоски смета дека Димиторв не ја доживува работата која ја работи како чест, туку тоа за него е само добро надополнување на биографијата. Според Николоски, тоа е така, затоа што Димитров досега се добивал на тацна и никогаш не учествувал на ниедни избори, каде треба да народот да го бира.

-Никола Димитров вели дека Македонците се нација со комплекс и со тоа несвесно кажува што мисли за Македонците и колку ги презира, колку во суштина ја презира и работата што ја работи. Тој очигледно не ја доживува како чест работата која ја работи дадена од народот да го претставува и води, туку само како добро пополнета биографија, само скалило кон некоја подобра меѓународна позиција на која би земал поголема плата. Тоа е така затоа што никогаш не бил избран за ништо, никогаш не учествувал на ниедни избори. Сè добивал на тацна. Кога би учествувал на избори, би ја носел топлината на секоја подадена рака која силно ја стиска вашата и во вас гледа некој кој може да му помогне на народот, кога би учествувал на избори би го носел со себе секој зрак на секој поглед кога одите да се сретнете со оние кои ве избираат, во тие погледи директно во вашите очи ја има целата филозофија на овој свет, има доверба, очекување, надеж… Затоа, кога Димитров би бил избран на избори, не би кажал дека тие што го избираат се со комплекс. – пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поради овој скандал, што го предизвика Димитров, Николоски размислува да предложи мала измена во политичкиот систем и изборниот модел, а тоа ќе се однесува во делот за избор на министри и премиер.

Предлогот би се однесувал на тоа дека некој не може да биде избран за министер или за пермиер ако претходно не е избран за пратеник, бидејќи народните избраници ја добиваат довербата директно од народот.

– Логиката е едноставна – дека министри и премиер можат да бидат само луѓе што ја добиле довербата на народот на непосредни избори. Варијации на овој модел има во Велика Британија, Германија, Хрватска… После ова, со Димитров треба сериозно да се размисли за вакви навреди да не се повторуваат. – пишува Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ го постави прашањето – Што да очекуваме од министер за надворешни кој смета дека народот му е со комплекс? Дали таков министер ќе се бори за зачувување на нашето гледање на историјата, наша интерпретација на културата и науката во комисијата која треба да одлучува за ова, а која е еден од најлошите делови на т.н. Преспански договор.

– Најмалку што може да направи Димитров по ваквиот срамен чин е да се извини и да си даде оставка. Дали ќе има доблест за тоа? Секако, не. – смета Николоски.

Целат колумна прочитајте ја ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This