Алесандро Дел Пјеро за победата на Македонија: „Неверојатна игра“ и „заслужена победа“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Легендата на италијанскиот фудбал, експерт на спортскиот канал ЕСПН Алесандро Дел Пјеро ја коментираше вчерашната игра на Македонската репрезентација во Дуизбург како „одлична“ и „неверојатна“. Според Дел Пјеро, Македонија ја „заслужила победата“ поради одличната игра.

„И првите два натпревари во квалификациите Македонија ги одиграа одлично, односот беше добар, креираа доста шанси за гол. Против Романија пропуштија чисти шанси, но оваа победа е нешто неверојатно.

Квалитетот на Германците не е доволен, мора да имате храброст и одлучност. Видов опуштена Германија, која веќе ја напушти својата комфорна зона.

Честитки за Македонија, заслужи да победи, тие им се спротивставија на фаворитот на вистински начин“, рече светскиот првак од 2006 година, Алесандро Дел Пјеро.

Победата на Македонија во Дуизбург над репрезентацијата на Германија е најголемата фудбалска победа по нерешениот резултат против Англија и победата над Грузиската репрезентација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This