АЛИОСКИ СО НЕВЕРОЈАТЕН ЈУБИЛЕЈ: 100 натпревари во дресот на Лидс Јунајтед

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски викендов ќе има шанса да слaви јубилеј во дресот на англиски Лидс Јунајтед.

Алиоски е во исчекување на 100. натпревар во Чемпионшип лигата, за некогашниот првак на Англија. Се очекува тој да се најде во составот на мечот против Дерби Каунти, кој е закажан в сабота и да дојде до значајната троцифрена бројка.

„Горд сум кога и да играм за овој тим. Лидс Јунајтед е одличен тим и навистина сум среќен што ќе имам шанса да заокружам еден јубилеј. Овој тим ме промени многу како играч, ме научи да играм на повеќе позиции и тоа ме радува. Се надевам дека јубилејот ќе го крунисам со победа“, изјави Алиоски.

Натпреварот меѓу Лидс Јунајтед и Дерби Каунти кој важи за дерби на колото во Чемпионшип е закажан в сабота од 13:30 часот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This