Алијанса за Албанците апелира: Ocтавките се политичка игра и обид да се избeгне одговорноcт, oбвинителството итно да реагира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Алијанса за Албанците, реагираа на задоцнетите оставки на министерот за здравство Венко Филипче, како и на директорите на клиничката болница во Тетово и побара од Обвинителството итно да дејствува, бидејќи, како што се вели во нивната реакција, овие задоцнети оставки се политички игри и обид да се оправда нефункционалната влада.

„Тие коишто пред само 24 часа рекоа дека е време за предизвици, а не за оставки, по објавувањето на првите индиции за трагични грешки во изградбата на модуларната болница во Тетово, даваат оставки. Овие задоцнети оставки се обид да се оправда нефункционалната влада која мора да поднесе оставка до последниот, тактика на неодговорни функционери за да ја покријат својата вина, брзање да го амортизираат револтот на граѓаните и игра да избегаат од одговорноста“.

Алијанса за Албанците потсетуваат дека оставки имало и порано, се до следниот мандат кога истите функционери повторно биле назначувани, без притоа да сносат кривична одговорност за своите дела.

„Во минатото видовме случаи што завршија со оставка и во следниот мандат со повторно назначување на истите функционери во други оддели, но без никаква кривична одговорност. Трагедијата во Тетово го потресе светот, избриша 14 животи и ги изгори срцата на сите нас. Овој случај не смее да остане без правда и без одговорност. Го повикуваме обвинителството да не подлегне во политички игри, да дејствува итно и да не дозволи ниеден од осомничените да избега“, апелираат од Алијанса за Албанците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This