АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТE ОБВИНУВА: Институциите да го испитаат Меѓународниот приватен универзитет во Струга, Рамиз Мерко дели дипломи од ракав

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од партијата Алијанса за Албанците на Зијадин Села ги повикуваат Министерството за образование и наука, Државниот инспекторат за образование, Комисијата за акредитација, Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи да го испитаат приватниот Меѓународен универзитет во Струга.

Од таму велат дека е потребно да се испитаат сите сомнежи и загрижувања кои што домашната и пошироката јавност, како што велат, ги има покренато во врска со злоупотребите, како што се: сомневањата за регуларноста на дипломите и научните звања на универзитетските професори.

Од „Алијанса за Албанците“, универзитетот го поврзуваат со актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, иако, велат, е под раководство на неговиот близок пријател, Арменд Кадриовски.

„Овој универзитет познат е само по последователните скандали, разни правни законски прекршоци и многу други неправилности. Во оваа прилика би го спомнале скандалот кога пред една година раководителите на овој универзитет насилно ги протераа просветните инспектори кои беа отидени да ја вршат својата законска работа. Сето ова се случува поради тоа што со Универзитетот раководи Рамиз Мерко, висок кадар на ДУИ кој секогаш се обидува да се крие зад власта, дури и без да го почитува законот. Последниот случај на албанските медиуми кои го апострофираа Универзитетот на Рамиз Мерко за фиктивни дипломи и фиктивни научни звања, ги потврдува сомневањата дека во тој универзитет не се гради знаење и наука, туку се прават злоупотреби во разни правци“, порачуваат од партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This