Али Ахмети: Заев пpeтера со изјави – нема да биде премиер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Порака до Заев да не создава проблеми со ДУИ „зашто не може да се справат со нас“ упати вчера лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„… Зоран Заев претера со изјави и прави нечесна работа. Не е тој што ќе ја однесе ДУИ во опозиција. Тоа го може само една сила, а тоа се тие се гласачите на ДУИ, тие се Албанци на Република Македонија, тоа е гласачкото тело.

Но, не и Зоран Заев“, изјави вчера во обраќање кон граѓаните на Гостивар лидерот на ДУИ , Али Ахмети осврнувајќи се на изјавите на Заев дека време е оваа партија и довчерашен коаслиционен партнер на СДСМ за замине во опозиција.

„Зоран Заев нема да биде премиер. Добро е за нивното здравје да не брзаат и да создаваат проблеми со нас бидејќи не можат да се справат. Така им се случи пред 20 години кога седнавме и преговаравме за многу големи прашања, територијални поделби и тие ја загубија играта мислејќи дека доаѓаме од планината и не знаеме ниту политика ниту дипломатија“, подвлече Ахмети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This