АЛИ АХМЕТИ ИМ ОБЕЗБЕДИ МИНИМУМ КВОРУМ ЗА ДА ИЗБЕРАТ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ: Горан Мисовски (НСДП), Фросина Ременски (СДСМ) и Весел Мемеди (НДП) со минимумот 61 глас се избрани за потпретседатели на Собранието.

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Горан Мисовски (НСДП), Фросина Ременски (СДСМ) и Весел Мемеди (НДП) со минимум потребните 61 глас се избрани за потпретседатели на Собранието.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои го бојкотираат Собранието, се противат на зголемување на бројот на потпретседатели, бидејќи тоа, според нив, било само задоволување на потребите на владејачките партнери, а не и реална потреба.

Пратениците дури во 16.30 часот едвај се собраа да обезбедат кворум за да може да ги изберат новите потпретседатели.

Претходно, Собранието ги донесе измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување по скратена постапка, откако седницата, исто така, едвај почна со задоцнување бидејќи мнозинството не можеше да обезбеди кворум.

Минимум кворум беше обезбеден со доаѓањето на лидерот на ДУИ Али Ахмети кој дојде во салата и се собраа 61 пратеник за да може гласањето да биде полноважно.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This