April 19, 2024, 11:38 am

АЛИ АХМЕТИ ПОТВРДИ: ДУИ влегува во преговори за владина коалиција со победникот на изборите ВМРО-ДПМНЕ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ДУИ Али Ахмети за ТВ 21 потврдил дека започнал со преговори за формирање на нова влада со победничката, односно партијата која има освоено највеќе мандати на предвремените парламентарни избори

pronajdeni-chovechki-cherepi-i-koski-vo-dvorot-na-ahmeti-vo-zajas

Иако во одговор за ТВ21 лидерот на ДУИ потврдил дека ќе преговара за формирање на владина коалиција со партијата која добила највеќе пратенички мандати на последните предвремени парламентарни избори, тој негирал дека досега имало било какви официјални средби помеѓу него и мандатарот Никола Груевски, или пак средби на било какви работни групи.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во текот на вчерашниот ден предупреди дека доколку  ДУИ не го почитува принципот на преговарање со победникот, тогаш ниту неговата партија нема да го почитува овој принцип на наредните избори.

„Ако ВМРО-ДПМНЕ ка­ко по­бед­нич­ка пар­ти­ја би­де изиг­ра­на од ДУИ, не­за­вис­но кои ќе би­дат при­чи­ни­те за тоа, би­де­те убе­де­ни де­ка нас­ко­ро ВМРО-ДПМНЕ ќе се вра­ти на го­ле­ма вра­та во вла­да­та и тоа нај­мал­ку два ман­да­та по ред. И ќе би­де­ме без как­ва би­ло об­вр­ска при сос­та­ву­ва­ње­то на вла­да­та“, вели Никола Груевски.

Победничките партии во македонскиот и албанскиот блок имаат вкупно 61 пратеник со што е исполнет условот за формирање на Парламентарно мнозинство.

Оваа најава значи дека конечно и Зоран Заев ќе треба да си ја поднесе оставката која ја најави пред почетокот на изборниот циклус.

gruevski_hodnik

Коалицирањето сепак, не значи и прифаќање на условите од платформата која ја донесоа Албанските партии со посредство на Тирана и Приштина. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во двете последни интервјуа за „Дневник“ и „Република“ изјави дека тој е спремен за коалиција со ДУИ но не по секоја цена.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Ќе се оби­дам да сос­та­вам вла­да, но не по се­ко­ја це­на. Ако се оди по до­се­гаш­ни­те ус­та­но­ве­ни прин­ци­пи во Ма­ке­до­ни­ја, би тре­ба­ло да сос­та­вам вла­да. Ако се пре­кр­шат, с` е мож­но, ве­ли во ин­тер­вју­то за „Днев­ник“ ли­де­рот на ВМРО-ДПМНЕ, Ни­ко­ла Гру­ев­ски, по по­вод плат­фор­ма­та што ја об­ја­ви­ја ал­бан­ски­те пар­тии од Ма­ке­до­ни­ја, а чие ис­пол­ну­ва­ње е ус­лов за тие да ко­а­ли­ра­ат со ед­на од две­те ма­ке­дон­ски пар­тии во ид­на­та вла­да.

 

[/kopa_block_quote]

 

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This