АЛИ АХМЕТИ ПОЧНА ДА СЕ ОДНЕСУВА КАКО ШЕРИФ: Потпален од Заев, Ахмети лично менувал табли кај Стража бидејќи не биле испишани и на албански!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Револтиран дека не се почитува употребата на албанскиот јазик во општините со мнозинско албанско население, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, неодамна лично го стопирал поставувањето на сообраќајната табла на планинскиот превој Стража, истакнуваат од ДУИ.

ahmeti-tabla-straza

Директорот на Јавното претпријатие „Македонијапат“, Гајур Kадриу, потврди дека по грешка било поставена табла на која градовите биле испишани само на македонски јазик, но за тоа ја обвини оперативата на јавното претпријатие за државни патишта. Тој се огради дали за таблата лично интервенирал Ахмети.

ДУИ негира дека информацијата за интервенцијата на Ахмети на Стража е предизборен маркетинг за лидерот и партијата да се истакнат колку се загрижени за непочитувањето на законите. Но, токму аргументот на ДУИ дека случката била пред повеќе од еден месец, но се пласира во предизборието, го потврдува спротивното.

Според ДУИ, Ахмети, кој живее во Зајас и секојдневно е на релација од дома до седиштето во Мала Речица или Скопје, поминува кај планинскиот превој Стража. Тој забележал дека работниците поставувале сообраќаен патоказ кој бил испишан само на македонски јазик. Лидерот на ДУИ застанал со возилото и лично го запрел поставувањето на таблата. Наводно, Ахмети веднаш се јавил кај своите министри, кои тогаш биле на владина седница, и им наредил најбрзо што може да дојдат на превојот Стража. Министрите, не се открива колкумина, веднаш ја напуштиле владината седница и дошле на Стража како што им наредил партискиот шеф. По интервенцијата на Ахмети, новата табла што била поставена на преминот Стража е двојазична, односно градовите на тој потег од патот се испишани, освен на македонски, и на албански јазик.

Од ДУИ информираат дека Ахмети бурно реагирал бидејќи претходно имало договор меѓу владините партнери сообраќајните патокази кога ќе бидат во план да се менуваат, да се почитува двојазичноста, односно да бидат и на албански јазик. Ахмети лично реагирал бидејќи на патниот правец од Гостивар кон Охрид почнале да се менуваат сообраќајните патокази, но и новите биле само на македонски јазик.

Инаку, со ветувањето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за воведување на двојазичност на целата територија на Македонија се разгореа страстите и апетитите на албанците и стартуваше меѓусебно препукување меѓу Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кои започнаа да се натпреваруваат кој од нив е поголем албанец. СДСМ на дело почна да ја применуваат најавата за целосна двојазичност ширум Македонија поставувајќи двојазични табли на партиските штабови, а шефот на кабинетот на Али Ахмети, Артан Груби побара од Заев да постави двојазична табла и албански знамиња во Струмица за да покаже и докаже дека навистина се залага за целосна двојазичнот.

Гајур Kадриу, директор на Јавното претпријатие „Македонијапат“, вчера ја потврди информацијата.

– Дали претседателот на ДУИ, Али Ахмети, интервенирал за таблата ќе прашате во неговиот кабинет. Неодамна имаше таква случка. Јавното претпријатие за државни патишта, односно некој од нивната оператива, по грешка поставиле табла на превојот Стража, која не била двојазична. По нашата интервенција, таблата е отстранета и е поставена нова двојазична табла. Важно е дека с` се санира – ни изјави Kадриу.

Од претпријатието за државни патишта и покрај обидите, вчера не добивме одговор дали е точно дека лидерот на ДУИ го запрел поставувањето на таблата и дали по неговата интервенција била поставена двојазична табла.

Извор: Дневник

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This