April 26, 2024, 12:05 pm

АЛИ АХМЕТИ СО ЗАКАНИ ДО ЗАЕВ: Ако нема закон за јазици нема да има ниту Влада!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Недоразбирањата меѓу владините партнери ДУИ и СДСМ со секој поминат ден само се продлабочуваат. Владини извори брифираат дека партијата на Али Ахмети и натаму не попушта и законот за употреба на јазиците го смета за завршена работа. Од друга страна, социјалдемократите бараат време преку дијалог да се обидат да се договорат со ВМРО-ДПМНЕ која, пак, останува цврсто на ставот дека не ги повлекува 35. илјади амандмани – пишува весникот „Независен

Али Ахмети и неговата партија го предупредија премиерот Зоран Заев дека без договор за закон за албанскиот јазик ќе нема ни владина коалиција ни Влада. Иако се очекуваше, сепак извори блиски до ДУИ тврдат дека нивниот лидер Али Ахмети нема намера да седне на маса со премиерот Зоран Заев и да разговара на тема закон за јазици бидејќи истиот го сметаат за веќе завршена работа. Од ДУИ му порачаа на Заев наместо со Ахмети, да се сретне со Христијан Мицковски и да поразговараат околу амандманите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Законот за јазиците е затворено прашање за ДУИ уште при формирањето на Владата. Овој закон е столб на владината коалиција. Законот ќе биде донесен многу скоро, со поддршка од СДСМ, и тоа во форма како што веќе е изгласан во Собранието, бидејќи таков е договорен со партијата на Заев при формирањето на Владата. Нема промена на нашите позиции, односно ќе нема амандманска расправа за законот“, изјави висок функционер на ДУИ. Истиот извор негира дека овој закон е кочница за работата на парламентот и дека вистинскиот виновник кој го кочи гласањето на клучните реформи што бараат најмалку 80 отсто гласови треба да се бара во редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Дека има внатрекоалициска криза меѓу СДСМ и ДУИ покажуваат и последните изјави на спикерот на Собранието, Талат Џафери, и контраизјавата на премиерот Заев. Џафери тврдеше дека поради двоумењето на неколку пратеници на социјалдемократите дали да гласаат за тој закон или не, бил принуден да ја одложи седницата на неопределено време, на што, пак, му реплицираше Заев со тврдење дека сите пратеници од неговата партија се спремни да го гласаат законот за јазиците.

Но дали Демократската унија на Албанците е во право што и натаму инсистира законот за јазици да биде донесен сега? Еден дел од политичките аналитичари за „Независен“ се согласуваат дека евроатлантскиот процес, но и самите граѓани се заложници на политичките партии и нивните лидери.

Аналитичарот Ќенан Алиу, освен што го критикува политичкото дејствување на ДУИ, предвидува дека проблемот со законот за јазиците ќе биде решен по одржувањето на предвремените парламентарни избори кои, според него, ќе се одржат заедно со претседателските избори идната година.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This