April 23, 2024, 11:36 am

Али во нова офанзива

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ќе застанат ли сите партии од албанскиот блок зад идејата за Албанец премиер на Македонија? Ваков развој на настаните станува се пореална опција со оглед на рекордниот број мандати кои Албанците ги добија на парламентарните избори. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на Фејсбук се пофали дека имал средба со претседателите на сите партии од албанскиот блок. Дека вакво сценарио е можно на вели и кандидатот за премиер на интегративците, Несер Зибер, порачувајќи дека ДУИ со 15 мандати сега станува уште помоќна во преговорите со македонските партии.

-Сакаме да ги обединиме и вклучиме сите албански партии, особено сите граѓани во нашата национална кауза. Али Амети и Демократската унија за интеграција веќе контактираа со другите албански партии во сериозни разговори за поддршка на идејата за албанскиот премиер кој ќе работи за сите граѓани и за државата воопшто, пишува Зибери на Фејсбук.

Ниту од Алијансата на Албанците, најголемиот политички ривал на ДУИ, не ја отфрлуваат идејата за соработка околу ова прашање. Арбен Таравари за Алфа вели дека таквата опција е можна, но се уште било рано, моментално други работи биле поважни.

-Ние прво ги анализираме резултатите, да ги видиме, оти немаме се уште конечни резултати. Има огромен број на злоупотреба на гласови, купување. Така да за тоа подоцна ќе разговараме, сега не интересира само да видиме резултатите како ќе бидат конечни од изборите, вели Таравари за Алфа.

Она што може да биде незгодно за СДСМ е доколку БЕСА одлучи да се приклучи кон оваа идеја тие губат четири пратеници од својата листа, кои како дел од коалицијата „Можеме“ ги доби партијата на Билал Касами. Алфа побара став и од другите два политички блока кај Албанците, но одговор од таму се уште не добивме.

Извор: Алфа

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This