April 27, 2024, 12:37 am

АЛИ ИЗМЕТИ: paзрешени Бејта, Мерко, Алити, Асани…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На вонpeден состанок на Централно претседателство на ДУИ, претседателот на партијата Али Ахмети ги тргна „вечните“ претседатели и потпретседатели на партиските ограноци како Рамиз Мерко, Рафиз Алити, Невзат Бејта, Реси Абдурахмани, Беќир Асани…

Дел актуелни претседатели на ограноци се именувани за координатори, но според одлуката во партијата, ниту еден од разрешените претседатели нема право повторно да се кандидира на истата позиција.

Вчера била донесена и одлука потпретседателите на ДУИ Теута Арифи, Изет Меџити, Садула Дураку и Невзат Бејта, како и организацискиот секретар Артан Груби да бидат именувани за координатори на ниво на партијата кои треба да ги спроведат изборите на сите 35 ограноци. И тие не ќе може да претендираат на функцијата претседатели на ограноци.

Внатрепартиските избори се очекува да завршат до септември, а во ноември да се оддржи конгресот на ДУИ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This