April 23, 2024, 10:09 pm

#АЛО, ТАРАВАРИ ПОРАКАТА ОД ОВИЕ ЛУЃЕ НЕ ЈА ПРИМИ?: Лажните ПР трикови на Таравари оставија трудница да поминува низ голгота на автопатиштата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Започна голготата наречена „живот“. Попладнево до нашата редакција пристигна реакција од незадоволен пациент, кој два дена бил препраќан по здравствените установи во Македонија, за на крајот да му бидат наплатени 4.000 денари во приватна лабараторија за спроведување на тест за бременост „Приска 1“ со кој се утврдува Даунов синдром во раната бременост

 

Пациентот кој не сакаше да биде јавно експониран, за Инфомакс.мк информира дека за процедурата која до пред неколку недели се завршувала во максимум 30 минути, тој и неговата бремена сопруга биле малтретирани два дена по здравствените установи, а на крајот од него барале тестот да го направи во приватна здравствена установа каде што требало да плати 4.000 денари, за тест кој до пред десетина дена беше бесплатен.

Тој додава и дека откако од Скопје го препратиле во ПЗУ, оттаму му побарале упат од специјалист, а тој морал повторно со бремената сопруга да се врати од Кочани во Скопје од каде што барал упат од специјалист за истиот да може да го направи тестот.

Министерот за здравство Таравари, минатата недела се обиде евтин ПР трик да ја манипулира јавноста, покажувајќи лажна посветеност преку проектот „Ало Таравари“, на кој наводно пациентите би биле во директен контакт со министерот. За познавачите, тоа е само евтин трик и се сигурни дека Таравари всушност нема да види ниту една порака, туку најверојатно се работи за маркетиншки тим кој непрофесионално ќе одговара на пораките на пациентите.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This