Алтернатива-Алијанса: Во декември Д У И нema да биде дел од владата, ќе има ново мнозинство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ново парламентарно мнозинство без ДУИ и СДСМ до крајот на годината, најавува Зеќирија Ибрахими од коалицијата Алтернатива-Алијанса за Албанците, пренесува Експрес.

Ибрахими во Дебатната емисија на ТВ Шења истакна дека бројките на локалните избори ја потресоа владејачката коалиција. Според него, некои партии кои учествуваат во коалицијата се веќе подготвени да се преселат на другата страна.

„Во владата што ќе бидеме со ВМРО и другите помали партии, нема место за ДУИ. На крајот се зборува за внатрешни поделби таму, ако некој пратеник замине и дојде овде. Не знаеме како се работи таа работа, но како партија, ДУИ нема да биде во декември од Владата. Затоа, ние се подготвуваме за ново парламентарно мнозинство, за нова влада, што сум сигурен дека ќе донесе добро за сите граѓани, во овој случај за граѓаните на нашиот Чаир“, вели членот на Алтернатива.

Покрај подготовката на новото парламентарно мнозинство, Ибрахими рече дека коалицијата Алтернатива-Алијанса за Албанците сепак ќе биде дел од локалната власт во Град Скопје, дури и со некои големи дирекции задолжени за градот. За ова веќе има договор со идната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска.

„Се договоривме со неа некои од компаниите што ги води Град Скопје да бидат управувани од експоненти на нашата коалиција во Скопје, и ова директно му помага на чаирчанецот во овој случај. Или „Водовод и канализација“, или општинска хигиена, или паркови и зеленило, или автобуска компанија, најмалку 2 од нив треба да припаѓаат на коалицијата. Ова се доволни ресурси за да можеме да ги решиме проблемите на нашите граѓани. „Без оглед што се случува во генералниот план на земјата, ние како коалиција ќе бидеме дел од локалната власт на Град Скопје, вели Ибраими за ТВ Шења пренесе АЛМАКОС.

Извор: Експрес

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This