Алтернатива го повлече кандидатот за Кичево три дена по објавувањето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три дена по објавувањето Алтернатива го повлече кандидатот Мазлам Османи за општина Кичево. Од партијата велат дека не можат да прават нешто што им оди на штета на Албанците, пренесе ТВ21.

Оваа партија ќе го поддржи независниот кандидат Фатмир Лимани и очекуваат иста одлука да донесе и нивниот коалиционен партнер Алијанса за Албанците.

Покрај Лимани како независен кандидат за градоначалничкото место во Кичево се кандидирани уште и Фатмир Дехари од ДУИ и Александар Јованоски од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ нема свој кандидат, туку само советничка листа, заедно со коалицијата.

– Иако делењето на гласот почна откога ДУИ инсистира да извади чист партиски кандидат и да го продаде во име на народот, ние не сакаме да бидеме актери во темата на делење на албанскиот глас – велат од партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This