„АЛЧНОСТА НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ“: Милионски тендери доделени на една иста компанија во Штип

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Знаејќи дека ова ќе им биде краток и единствен мандат, властите на централно и на локално ниво не бираат средства за лично збогатување. Локалните власти, земајќи пример од централните, ги олеснуваат општинските буџети, а ги здебелуваат своите паричници, објавува Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

Компанијата Де лукс ДОО е во сопственост на таткото и чичкото на Градоначалникот на Општина Штип. Од крајот на 2017 до денес, оваа компанија заработила 5.000.000 денари од институциите во оваа општина. Поголем дел од овие институции се под директна надлежност на градоначалникот, поточно лично тој решава кој да раководи со нив. Тоа значи дека градоначалникот директно влијае врз одлуките на институциите за избор на најповолен економски оператор.

Иако, градскиот татко се оправдува дека не влијае врз одлуките на директорите, сепак очигледен е судирот на интерес. Дека основачот на овие институции добива милионски тендери, е не само спорно туку и спротивно на законот. Затоа ги повикуваме Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата да ги истражи овие спорни добивања на тедери на компанијата Де лукс од Штип.

Ова е преседан кој треба да се истражи и за кој треба да се сноси одговорност. Во време кога граѓаните се иселуваат поради лошата финансиска состојба, раководниоте фактори во СДСМ алчно грабаат од државните каси, сакајќи да се збогатат преку ноќ. Затоа, ги повикуваме надлежните будно да ги следат овие криминални чекори на партијата на власт и да бараат одговорност од секој што ќе се дрзне да профитира од парите на граѓаните.

АЛЧНОСТА НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ, ДЕЛ 1Знаејќи дека ова ќе им биде краток и единствен мандат, властите на централно и на…

Posted by Комисија за локална самоуправа on Thursday, January 9, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This