April 26, 2024, 10:39 am

Алapмантни бројки на забoлeни од Koвид-19 во конфекција во Свети Николе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Свети Николе се зголемува бројот на заразени со коронавирусот, на денешната седница на Општинскиот кризен штаб, градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски ги повика надлежните инспекторати и институции да излезат на терен во фабриките и да видат дали се почитуваат протоколите при превоз на работниците во светиниколските и штипски фабрики. Во Свети Николе вкупно 50 лица се заболени од коронавирусот, а 75 лица се наоѓаат во самоизолација по основ на контакт со заболени лица.

-Ситуацијата е посебно алармантна во конфекцијата „Мода АД“- Свети Николе каде бројот на заболени од коронавирусот се зголемува. Од страна на менаџментот не информираа дека во текот на вчерашниот ден во приватна клиника се тестирани вкупно 209 вработени, чии резултати ги очекуваме во текот на денешниот и утрешниот ден, вели Велковски.
Тој рече дека и официјално се обратиле и до Кризниот штаб на РСМ, Министерството за здравство , Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Центарот за јавно здравје Велес, како надележни институции, со цел превземање на сите мерки за спречување на натамошно ширење на вирусот во нашата општина.

-Очекуваме од страна на надлежните институции и менаџментот на фабриката под итно да ги превземат сите неопходни мерки, бидејќи здравјето на граѓаните е најважно од се.Од страна на Кризниот штаб, повторно се активирани волонтерите за достава на неопходни прехрамбени продукти и лекови на лицата што се заболени и во самоизолација, вели Велковски.
Тој упати апел до сите граѓани, да се придржуваат на мерките и препораките на Министерството за здравство и Владата во носење на заштитни маски и држење на дистанца.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This