Алapмaнтно pacте бpojот на бoлни со кopoна во земјите-peкордери во вakциниpaње

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на канцеларијата на СЗО во Србија Маријан Ивануша изјави дека епидемиолошката состојба во Израел и Србија е влошена, земји во кои имунизацијата се спроведува брзо и кои предводат во вакцинирањето, можеби поради замор и опуштеноста на граѓаните.

– Можеби е затоа што сите сме уморни од епидемијата и мерките, и сè уште има многу луѓе кои се чувствителни на вирусот, и ако се опуштиме, вирусот многу брзо избива. Кога ќе пристигне вакцината, тоа не е крај, но почетокот на крајот. Кога ќе примите вакцина, не сте заштитени веднаш, туку само по втората доза, треба време да се создаде имунолошки одговор – предупреди Ивануша.

Членот на кризниот штаб, Бранислав Тиодоровиќ, предупреди денеска дека поради влошената епидемиолошка состојба во Србија, не се исклучува засилувањето на мерките и најави дека ќе бидат неопходни построги контроли за примена на ограничувањата што се веќе во сила.

Тиодоровиќ за РТС во пресрет на седницата на Кризниот штаб изјави дека е можно локално засилување на мерките во одредени општини и градови каде што се регистрирани голем број на заразени лица.

Тој оцени дека Србија е во продолжен трет бран на пандемија и процени дека со вакцинирање од 2,5 до три милиони жители, заедно со лицата кои веќе прележале корона и имаат антитела, во следните неколку месеци може да се дојде до околу 70 отсто на колективен имунитет.

Д-р Миланко Шеклер, вирусолог и микробиолог, за РТС изјави дека Србија очекува големо влошување со епидемијата.

– Не очекував зголемување на бројот на пациенти, очекував намалување. Ако зголемувањето продолжи со оваа стапка, може да се случи бројот на пациенти да се зголеми двојно за осум дена – објасни Шеклер.

Со последниот пресек на состојбата со коронавирусот, Србија регистрираше повеќе од 3.000 новоинфицирани, што значи дека би можеле да имаме повеќе од 6.000 ако работите не се променат, оцени тој.

Од почетокот на епидемијата во Србија, 442.857 лица се заразени со коронавирусот, од кои 4.366 починале. Стапката на смртност е 0,99 проценти. Досега се тестирани 2.873.176 примероци.

Според последниот пресек во Србија од последиците на ковид починаа 19 пациенти, 19.257 лица биле позитивни, од 15.000 тестирани. Во болниците има 3.727 пациенти, од кои 157 се на респиратори.

Една третина од новоинфицираните лица се во Белград – 1.041 Повеќе од 100 новоѕаболени имаат Нови Сад 195, Врање 134, Ниш 126 и Крагуевац 123.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This